Модерна од вакцината очекува приход од 19,2 милијарди долари
Американската фармацевтска компанија Модерна денеска соопшти дека годинава очекува 19,2 милијарди долари приход од вакцината против коронавирусот.
Компанијата првото тромесечје го заврши со добивка, за првпат откако е основана. Во првото тромесечје, вакцината на Модерна и донела приход од 1,7 милијарди долари. Вкупниот приход изнесувал 1,9 милијарди долари, во споредба со осум милиони долари во истиот период лани.
Во февруари Модерна најави дека приходот од продажбата на вакцината годинава ќе изнесува 18,4 милијарди долари.
Претставници на компанијата информираа дека годинава треба да се испорачаат 800 милиони до милијарда дози од вакцината, а во 2022 година уште три милијарди.
До крајот на месецот планираат да побараат целосно одобрување во матичната земја – САД.
Ново на Сител
-
ЈП Македонијапат: Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово - Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Судијка и сопружници сопственици на ланец аптеки обвинети за фалсификување документи и имотна измама
-
Министерката Димитриеска - Кочоска на Форумот „Инвисо“ во Виена
-
Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции
-
Без вода улиците „Јоаким Крчовски“, „Самоилова“ и „Банатска“
-
ТикТок демантира дека кинеската Влада ќе му ја продаде платформата на Маск: Тоа е чиста фикција
-
Во Белград нападнати студенти кои ги блокирале факултетите, шестмина пренесени во болница
-
Трамп: Многу скоро ќе се сретнам со Путин