Свет
1. јуни 2021 - 15:18

„Модерна“ бара целосно одобрување за својата вакцина во САД

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ денеска соопшти дека поднела барање до властите во САД за добивање целосно одобрение за користење на својата вакцина против Ковид-19.

Моментно вакцината на Модерна е одобрена само за итна употреба.

Таквиот развој на ситуацијата доаѓа неколку недели откако конкурентските компании „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТек“ побараа целосно одобрување за својата вакцина против коронавирусот во САД.