Моден блесок со дизајнерката Ива Спасовска “Dare to be the sparkle”
Во салонот на “ Форд Мида Гранд Моторс ”, утре со почеток од 20 часот, ќе заблеска женственост, на ревијата на екстравагантната дизајнерка Ива Спасовска, која ќе сподели со присутните 30 креации со задоволив раскош и неодолив сјај, како дел од модното шоу “ Dare to be the sparkle ” т.е. “ Осмели се да блеснеш ”.
Во оваа нова модна приказна ќе дојдат до израз неодоливоста и цврстината на кеперот, кој е создаден да ја држи ставата исправено, гордо и самоуверено, мекиот допир на свилата – израз на вонвременската потреба на жената за нежност, како и кристалите, бисерите, везовите со сјајни конци, кои се одраз на жените кои се осмелиле да блеснат и да останат такви.
Сакам кога ќе се случи момент на иницијација и жената ќе ја почитува искрата во себе, а искрата како симболика претставува раѓање на светлина, блесок или сјај. Кога ќе се случи во некои внатрешни дамари, тоа неизбежно се манифестира и надвор од неа, зошто тој сјај и блесок остава своја видлива трага каде и да се движи. Обично, околината за тие жени вели дека се жени свесни за себе, жени со сјај во очите и бескрајна женственост во својата убавина кога носите на себе макар мал кристал, бисер или некакво парченце што блеска – вие едноставно сакате да го изразите оној блесок што го поседувате и чувствувате ” – вели Ива.
Модното шоу “ Осмели се да блеснеш ” - “ Dare to be the sparkle ” – ке се надополни со галериска изложба на сликарката Марија Спасовска насловена како “Вдиши Насмевка“-“Inhale a smile“.
Симбиозата на убавината, природата како инспирација и женската софистицираност во сиот тој контекст, ќе биде манифестирана преку 100 платна на кои сликарката ја распостила својата суптилна женска емоција. Играта со боите, нијансите во преплет со цветови и рачно изработени форми. Плод на женската рака и имагинација – нанесени на сликарските платна, ќе ја надополнат идејата на вечрта – за божественост на жената, за есенцијата на женската димензија на нештата, нејзината природна состојба – блесокот во нејзината душа да стане видлив и во нејзините очи, во нејзинито збор, во нејзиниот став, движење, чекор и поглед.
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење