МО: Со Законот за вработените во одбраната се создава систем за управување со човечки ресурси
Министерството за одбрана попладнево преку соопштение информираше дека со денешното донесување на Законот за вработените во одбраната првпат се создава систем за управување со човечки ресурси согласно највисоките стандарди на НАТО.
– Новото законско решение предвидува зголемен стандард на службениците во одбраната, унапредувања според МЕРИТ системот, создавање на услови за развој на персонал кој ќе работи на НАТО позиции, менување на статусот на вработените од кои еден дел ќе бидат и овластени службени лица, како и можности за вработување, но и стипендирање на кадри кои за одбраната претставуваат критична специјалност. Согласно новиот Закон, статусот на вработените се подобрува и преку зголемениот пензиски стаж, како и заминувањето во пензија со 80 проценти од десетте најповолни години од пензискиот стаж. Предвидена е и можност за вработување без јавен оглас за лица со попреченост. Со одредбите на Законот се внимава и на финансиската стабилност на семејствата на вработените, преку отворање на можност за вработување без јавен оглас за невработен член на семејството на починат вработен во Министерството и припадник на безбедносните сили, посочува Министерството за одбрана.
Законското решение, како што информира ресорното Министерство, е изработено со претставници на академската заедница, познавачи на одбраната, како и со претставници на репрезентативниот синдикат и останатите синдикалните организации во одбраната.
Законот за вработените во одбраната е донесен попладнево во рамки на 145. пленарна седница.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата