МНР во боите на украинското знаме
Зградата на Министерството за надворешни работи вчера вечерта беше осветлена во боите на знамето на Украина во знак на поддшка за украинскиот народ.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук напиша дека 24 февруари е тажен ден за Украина и мрачен ден за Европа.
– Со нападот врз Украина, Кремљ уште еднаш грубо го прекрши меѓународното право со кое им донесе страдање и уништување на своите непосредни соседи и го прекрши суверенитетот и границите на Украина. Истовремено, ваквите дејствија го доведоа до прашање и мировниот поредок на нашиот континент. За ништо од ова нема оправдување. Војната и огнот не се шега, а употреба на сила и принуда нема место во 21 век.
Вечерва, го осветливме Министерството за надворешни работи во боите на украинското знаме со што сакаме да пратиме силна порака на поддршка и солидарност со Украина и пријателскиот украински народ, во овие тешки моменти. Нашите народи се добро познати по подавањето рака на оние на кои таа им е потребна, нешто што е запишано и во историјата. Ние ќе вложиме напори да запрат вашите страдања.
Во оваа прилика уште еднаш ја реафирмираме нашата недвосмислена поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина и како земја членка на НАТО и одговорен чинител во меѓународната заедница упатуваме апел за итен прекин на воените дејствија врз Украина и враќање на мирот, наведува Османи.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп