МНР: Република Северна Македонија и Република Филипини воспоставија дипломатски односи
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи и неговиот хомолог од Република Филипини, Теодоро Л. Локсин, потпишаа Заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.
“Ваквиот чекор ги потврдува заложбите на Република Македонија за градење пријателски односи и воспоставување партнерства и со географски оддалечени земји. Отворањето на ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за промоција на економските и трговските врски, како и зајакнување на досегашната успешна соработка на мултилатерално ниво” – истакна министерот Османи.
Чинот на официјализирање на пријателството меѓу Република Македонија и Република Филипини, што се реализираше на 76-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк, претставува солидна основа за унапредување на дијалогот на сите нивоа, како и за градење на договорната рамка и развој на соработката во голем број области како културата, образованието, здравството и туризмот.
Република Филипини е 181 земја со која Република Македонија има воспоставено дипломатски односи.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар