МНР препорачува да не се патува во Израел, САД се вклучува во посредничка мисија
Македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ Израел. Повикот на македонското МНР е поради екслаирање на конфликот Израел-Газа. Шестти ден по ред летаат ракети од двете страни, додека американските и арапските дипломати се обидуваат да најдат начин да го запрат насилството , во кое бројот на цивилни жртви секој ден се зголемува. . Според здравствените власти во Газа утрово во еден од израелските напади загинале 12 лица, меѓу кои е една жена и три деца , додека едно петмесечно бебе е спасено од под урантините.
Зошто го убивте? Тие убиваат и нема никој кој ќе ги натера да одговорат за тоа, целиот свет гледа. Не е важно ако убијат дете или жена, нема никој да ги повика на одговорност. Затоа не е важно дали ќе убијат дете вели вујко на убиено дете во Газа
Една од метите на изарелските напади беше и кулата Ал Шарук во Газа а нападот беше фатен додека новинар известуваше во живо .
Во повеќе градови на југот на Изарел утрово се огласија сирени, предупредувајќи на ракетите истрелни од милитнатите на палестинското радикланото движење Хамас, под чија контрола е појасот Газа. Погодени беа неколку станбени згради , но извештаи за жртви немаше.
Израелската војска вели дека постигнува успех во уништување на цели на Хамас а одбданбениот систем Железна купола пресретнува повекето од палсетинските ракети. Според последната изјвата на израелскиот премир нападите против Хамас ќе продолжат.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар