МНР побара став од Вашингтон за изјавите на конгресменот Рохрабакер
Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку македонската Амбасада во Вашингтон по дипломатски пат побара став од Стејт Департментот на САД за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рохрабакер изнесени во интервју за „Визион Плус“ од Тирана.
- Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи. Неговите искажани ставови предизвикуваат голема вознемиреност околу Македонија и во регионот. Истите разгоруваат националистичка реторика во соседството, со што не враќаат во минатото, се наведува во соопштението од МНР.
Изразуваат уверување дека Стејт Департментот соодветнo ќе отстрани секаква дилема околу изнесените позиции, како и дека ќе ја афирмира својата политика кон Македонија и Балканот.
Американскиот конгресмен Дана Рохрабакер во интервјуто за „Визион Плус“ меѓу другото рече дека „создавањето на Македонија е пропаднат проект и оти сега биле создадени сите околности да се подели меѓу соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Бугарија“.
Ново на Сител
-
ЕУ одвои уште 148 милиони евра за најранливите категории украински граѓани
-
Ѓоковиќ се изедначи со настапите на Федерер на Грен слем турнирите
-
Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци поради американските санкции за рускиот енергетски сектор
-
Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, ЦУК интервенира
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи за Груби
-
Левица: Трошоците за живот двојно зголемени - власта без решение за инфлацијата
-
ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан
-
Приведен кавадарчанец по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин