Балкан
17. May 2017 - 9:00

Многу земјотреси од доцна синоќа - Се тресе Балканот

Од доцна синоќа до утрово се регистрирани многу потреси во Европа и на Балканот. Последниот потрес е почувствуван во Бурса, Турција, со јачина од 2,5 степени по Рихтер.

Се стресе и Подгорица, со јачина од 2,6 степени по Рихтер. Земјотреси ја тресат и Италија, а земјотреси се почувствувани и во Грција, од кои последниот со епицентар во Атина, со јачина од 2,4 степени по Рихтер.

Инаку, во текот на вчерашниот ден се стресе и Скопје, а потресот со јачина од 2 степени беше со епицентар на 2 километри од Илинден.

Се надеваме потресите конечно ќе запрат.