Свет
21. May 2021 - 15:12

ММФ претстави план од 50 милијарди долари за ставање крај на пандемијата со Ковид-19

Меѓународниот монетарен фонд денеска претстави предлог од 50 милијарди долари за ставање крај на пандемијата со Ковид-19 со вакцинирање на најмалку 40 отсто од населението во сите земји до крајот на 2021 година и најмалку 60 отсто до првата половина на 2022 година.

Со тоа, од ММФ велат дека ќе инјектираат еквивалент на 9 трилиони американски долари во глобалната економија до 2025 година поради побрзо продолжување на економската активност.

„Нашиот предлог поставува цели, ги проценува барањата за финансирање и утврдува прагматично дејствување“, рече Кристалина Георгиева, шеф на Меѓународниот монетарен фонд, на Глобалниот самит за здравје што се одржува во Рим, како дел од Г20.

Во пандемијата животи загубија повеќе од 3,5 милиони луѓе низ целиот свет, а проекциите укажуваат на многу нееднакви здравствени изгледи до 2022 година, што претставува „сериозни ризици за светот“, соопшти ММФ.

Извршниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, на здравствениот самит, организиран од Европската комисија и Групата 20 големи економии, рече дека има смисла богатите економии да ги зголемуваат донациите за да се обезбеди побрз крај на пандемијата.

– Напредните економии – од кои треба да придонесат најмногу за овој напор – најверојатно ќе забележат најголем поврат на јавните инвестиции во модерната историја – до 40 отсто од добивката на БДП и приближно трилион американски долари дополнителни даночни приходи, наведе таа.