Бизнис
8. April 2021 - 20:22

ММФ препорачува прогресивно оданочување за опоравување на економиите

Прогресивниот данок повторно се враќа во игра. По препораките на ММФ државите да размислат за попрогресивно оданочување и повисок данок за побогатите фирми, со цел побрзо да закрепнат  економиите,   министерот за финансии открива -  ќе има даночна реформа.  Се бара начин  за поефикасен, правичен и модерен даночен систем.

Консултациите со Коморите веќе почнаа, аналзите ќе покажат дали побогатите ќе плаќаат повисок данок., изјави Фатмир Бесими, министер за финансии

Инаку прогресивниот данок на личен доход беше воведен почетокот на  2019 та година и по само 10 месеци примена, владата го стави во мирување на 3 години.  

Според  ММФ, светските економии почнаа да закрепнуваат. Веќе се гледа светло на крајот на тунелот, бидејќи милиони луѓе  се  вакцинирани, но и владините политики на некои земји давале резултати.  Сепак,  кризата не е завршена и неизвесноста се уште е  присутна. 

 додека Се соочуваме со исклучително висока неизвесност, особено во врска со влијанието на новите соеви на вируси и потенцијалните поместувања во финансиските услови. И постои ризик од понатамошни економски лузни од загуби на работни места, загуби во учење, стечаи, екстремна сиромаштија и глад, изјави Кристалина Георгиева, шеф на ММФ

Инаку ММФ очекува македонската економија годинава да порасне за 3,8%, додека наредната 4 отсто. Зголемена е и прогнозата за глобалниот  раст, кој би достигнал  6%.