ММФ одобри две транши за Албанија во износ од 72,4 милиони евра
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд одобри две транши во износ од 72,4 милиони евра, од кредитот претходно одобрен на албанската Влада во износ 226,8 милиони евра.
Оваа одлука доаѓа по посетата на мисијата на ММФ во Тирана во ноември 2015 година, која оценила дека албанската економија оди во позитивен правец.
- Мисијата на експертско ниво одобри две транши за Албанија како дел од договорот за сорботка. На 26 февруари 2014 година ММФ одобри продолжување за 36 месеци на договорот со Албанија вреден 330,9 милиони евра, пренесува весникот „Шекули“.
Според истиот извор, ММФ оценува дека се оди според планот: главните економски показатели покажуваат стабилност, а структурните реформи ги даваат првите резултати.
По донесената одлука, заменик генералниот директор на ММФ, Мин Жу изјавил дека заживувањето на албанската економија е на вистинскиот пат и покрај опасностите за пад на економијата. Тој порачува дека Владата треба да продолжи со програмата на реформи за да го зголеми потенцијалот на земјата за раст, зачувувајќи ја макроекономската стабилност.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис