ММФ ќе остане надвор од грчкиот спасувачки план, но ќе има специјален статус во него
Меѓународниот монетарен фонд нема да се приклучи кон грчката спасувачка програма, но веројатно ќе прифати статус на советник со ограничени овластувања, кои ќе го задржат на преговарачката маса.
Повеќе од една година ММФ се уште не ги утврдил условите, под кои би се приклучил во каква и да е нова програма за спас на грчката економија.
Фондот веќе напомена дека финансиските цели, утврдени и во европскиот спасувачки план за Грција се нереални, доколку нема значително олеснување на грчкиот долг.
Новата улога на ММФ ќе биде повеќе од советничка, но таа нема да одговара на стриктни услови, како на пример проверки за состојбата на грчката економија на секои три месеци, изјави извор од Фондот, јави БТА.
Преговорите меѓу Грција и нејзините европските кредитори и ММФ се во ќор сокак откако германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле настојуваше ММФ да учествува во спасувачкиот план, но ги отфрли повиците на директорката на Фондот Кристин Лагард за големо должничко преструктуирање.
Според друг извор ММФ нема да вложи повеќе пари во спасувачката програма за Грција, но нема да биде ниту само технички советник.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно