-->
-->
Младите македонски ракометарки ги започнуваат Мундијалските квалификации
-->
Македонската женска младинска репрезентација составена од ракометарки до 20 години која се наоѓа во Франција, денеска ќе го започне својот настап во квалификациите за Светското младинско првенство 2016 година.
Избраничките на селекторот Симе Симовски, попладнево од 14 часот и 30 минути ќе го одиграат првиот меч во кој за противнички ќе ги имаат врсничките од Израел.
Утре во истиот термин (14:30 часот) Македонија ќе игра против Словенија, додека во недела од 15 часот на програмата е мечот со домаќинот и Франција селекција која важи за главен фаворит во групата за освојување на првото место, единствено кои носи пласман на Светското првенство.
Натпреварите од петата квалификациска група ќе се играа во салата „Пјер де Кубертен’’ во Париз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година