Loading Video...
Фудбал
12. October 2020 - 16:23

Младите македонски фудбалери подготвени за дуелот со Израел

Младата македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува нов предизвик. Дуелот против Израел може да биде клучен за освојување на второто место. 
 
Доколку сакаат да ги задржат шансите за освојување на второто место во групата, а со тоа и евентуален нов пласман на Европското првенство младите македонски фудбалери ќе мора да освојат што е можно повеќе бодови по последните трти квалификациски натпревари, од кои два ќе играат проти селекцијата на Израел. 
 
- Нашата цел е да победиме на сите три натпревари. Секој натпревар си има свое значење, Израелците се добар и квалитетен тим го знаеме тоа. Тимот е спремен, можам да гарантирам дека заедно со селекторот одиме по три бода. Поради променетиот систем на натпреварување мораме на сите три преостанати натпревари да дадеме 200% од можностите. Знаеме дека ако славиме на сите средби имаме некакви шанси да играме на Европско првенство. Ние сме спремни и гарантираме дека ќе дадеме сè од себе“, изјави Јани Атанасов.
 
И Дарко Чурлинов кој беше стрелец на два од четирите голови на гостувањето кај Казахстан пред три дена, смета дека тимот е подготвен за новиот предизвик. 
 
„Подготвени сме сите да дадеме 100% и повеќе, па се надеваме на три бода со Израел. Ќе дадеме се од себе и ќе се придржуваме до замислите на селекторот, а тоа е најбитно за нас. Искрено на нас е да ги одиграме сите средби добро, да освоиме што е можно повеќе бодови, а потоа на Бог е дали ќе не посака среќата и ќе се пласираме на Европско првенство“, истакна Чурлинов
 
Првиот дуел меѓу младите селекции на Македонија и Израел на програмата е утре, а ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, со почеток од 14 часот и 30 минути.