-->
-->
Младите каратисти патуваат на ЕП на Кипар
-->
Куќата на спортот беше повторно почетна стартна точка на македонските каратисти кои од 5 февруари до 7 февруари ќе учествуваат на 43-то по ред Европско карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори до 21 година, кое ќе се одржи во Лимасол на Кипар.
Пресот во Агенцијата за млади и спорт го отвори директорот Марјан Спасески кој потенцираше дека станува збор за досега најмасовен собир од овој вид со учество на 48 држави и преку 940 натпреварувачи. Поддршката која АМС ја дава кон карате федерацијата е оправдана пред се поради огромниот напредок на македонските каратисти во сите возрасни категории. Нивните успеси се мотив повеќе за взаена соработка особено кога се очекува можен влез на каратето во олимпискиот циклус на игри. Спасески им посака успех на сите македонски учесници со надеж дека и овојпат ќе има вистинска причина за повторна средба по враќањето од Кипар.
Селекторот на кадетско-јуниорската репрезентација Александар Кузмановски изрази голема благодарност за се што Агенцијата за млади и спорт прави за карате спортот во Македонија и дека тргнуваат во нови походи со спремни репрезентативци. Целта е првенствено достојно претставување на Македонија, а освојувањето на медали е секогаш можно кога се има квалитет и желба.
Селекторот на У21 Арминд Усеини изјави дека ќе настапи со навистина спремни натпреварувачи, кои се зрели за освојување медали. Тој особено го истакна високото ниво на подготвеност на машкиот тим од кој очекува европско одличје.
Меѓу претставниците на тимот присуствуваа Моника Пендаровска, двократен европски медалист во кадетска и јуниорска категорија, младите надежи Столе Смилковски и Фаик Весели, како и бронзениот од последниот континентален јуниорски собир Виктор Крстевски кој годинава преминува во повисока категорија У21.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно