Младиот пливач Пејчиновски доби стипендија од Владата, одлуката му ја врачи премиерот Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со младиот пливач Марко Пејчиновски на која му ја врачи одлуката за стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”.
Ковачевски, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, му ги честиташе на Пејчиновски досегашните пливачки успеси и упати порака дека Владата преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги поддржува младите успешни спортисти кои се силни промотори на спортска култура во државата. Како знак на признание на Пејчиновски кој и покрај ретката болест постигнува извонредни спортски резултати, премиерот Ковачевски на младиот пливач му ја врачи одлуката за стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”.
Со ова, како што се наведува, на овој млад спортист му беше укажана почит и благодарност за неговиот личен пример на пожртвуваност и високи спортски успеси кои Пејчиновски ги посвети на подигнувањето на свеста за лицата со ретки болести.
Неговиот последен спортски успех кој предизвика восхит, е препливувањето на делницата од 64 километри на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид.
На средбата беше разговарано и за идните спортски и професионални планови на младиот спортист и за заложбите на Владата за вложување во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура наменета за рекреативни и професионално спортување, со цел да го развиваме спортот согласно со светските стандарди.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари