Младиот Онур се враќал од испит кога загинал кај карпалак - две бебиња сега се без мајка
Четиринаесет животи однесе автобусот на смртта на патот Скопје-Тетово кај селото Ласкарци, кога излета од патот, ја проби оградата, влета на стариот пат и падна во провалија.
Тројца најмлади загинати се студенти, Онур Садику наредниот месец требало да наполни 20 години, а се враќал од испит на Медицинскиот факултет. Денеска неговите колеги кажаа дека го положил. 21 –годишната Бејза Узеири студирала архитектура и се враќала во родната Долна Белица. Бобан Аврамовски загина на 22 години и незавршени студии по дизајн на ФОН, пренесе Република.
30-годишната Ваљдета Хамити била асистентка на информатика на универзитетот Мајка Тереза. Дома остави 7-месечно бебе и постарото 4-годишно дете. Вчера по пауза поради болеста на детето повторно се вратила на работното место.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“