Младиот Андреј познат е како двојникот на Тоше Проески, сличноста е неверојатна
Андреј Дориќ (22) е пејач од Нови Сад, а на Балканот е познат како двојник на легендарниот пејач Тоше Проески. Андреј веќе со години со својот бенд се обидува да се пробие на македонскиот пазар.
- Угледувајќи се на неговата работа, хуманост и харизма, го пронајдов својот пат и професионално се посветив на музиката. Веќе снимив шест песни и работам на нов материјал кој наскоро ќе го промовираме, открил Андреј, кој вели дека македонската публика одлично го прифатила.
Пред четири години снимил песна на македонски јазик „Ладна и безобразна“ со која настапил на Охридскиот фестивал каде го освоил третото место од гласови на жирито и публиката.
- Некои зборуваат дека сакам да го заменам Тоше, но тоа невозможно. Јас сум Андреј, а Тоше беше еден и единствен и за енго не постои замена. Секој има своја судбина и своја ѕвезда водилка, заклучил младиот пејач.
Ново на Сител
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!