Македонија
5. December 2022 - 16:39

Младинскиот сојуз алармира: Младите си одат од државата

Последниве 20 години повеке од половина  милион се иселиле од Македонија покажува статистиката,  а бројките од најновите истражувања се дури и пострашни, алармираат од младинскиот сојуз.

Граѓанскиот сектор апелира до сите политички фактори да се фокусираат на решавање на проблемот наместо да се политизира. Потребна е заедничка стратегија во која ке се  вклучат сите страни.

Комуникологот и координатор на Програма за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов

Министерката за труд и социјала Тренчевска се пофали  дека податоците покажуваат дека   младинската невработеност  е во опагање.

Задоволна е од  резултите кои ги даваат  владините мерки  како што се практиканството  и самовработувањето .

Според директорот на ТИРЗ Деспотовски секогаш може повеке.  Инвеститорите се заинтересирани за младиот кадар и неговата дообука.

Преставниците на младите  на денешниот дијалог организиран од  Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи апелираа до своите врсници подобро да се информираат за нивните работнички права и што се им нудат законските решенија за вработување.