Млади лекари кои добиле лиценца во јули ќе работат со Kовид пациенти!
Лекарите кои добиле лиценца за работа во јули ќе бидат ангажирани на инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19.
Министерот за здравство денеска одржа средба со младите лекари, од кои 51 ќе бидат ангажирани со договор на дело со 30.000 денари месечно платена пракса.
„Поголем дел од младите лекари, односно 51, од тие што добија лиценца за работа во јули, годинава, веќе се пријавени за вработување во инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19, а паралелно со тоа веќе е обезбеден буџет за нивно ангажирање во здравствените установи. Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи, како што се здравствени домови и општи болници со проширена дејност, што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа“, велат од Министерството за здравство.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан