Македонија
14. November 2017 - 13:14

Млада жена брутално претепана пред Рамстор

Вчера во 16,15 часот Ч.М.(22) од Скопје пријавила дека на истиот ден околу 16,00 часот на бул.“Кирил и Методиј“ во близина на Трговскиот центар Рамстор била физички нападната од страна на Е.С. од Р.Турција кој што ја повлекол за косата и откако ја бутнал на земја ја удирал со клоци во пределот на лицето и телото.
 
Причина за физичкиот напад била претходна расправија со негов пријател.
 
Се работи на целосно расчистување на случајот.