Македонија
30. December 2017 - 11:08

Млада Србинка влегла во Македонија на див премин, тетовецот што ја чекал ја силувал и ја ограбил

Вчера околу 10 часот во Полицската станица-Тетово, М.Б. (1993) од Ниш, Република Србија, пријавила „силување и разбојничка кражба“ извршено над неа на 27 овој месец од страна на Ј. Џ.од Тетово. 

Вечерта околу 23 часот, М. Б откако  ја преминала државната граница на див премин,  Ј. Џ  ја земал со кола и се движеле по шумски пат за село Пирок.

Во еден момент истиот застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, по што ја донел во Тетово каде и рекол да излезе од возилото и не и дал да си ја земе гардеробата и накитот кои ги носела со себе, по нејзино кажување во вредност од неколку илјади евра (брендирана роба).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.