Македонија
8. February 2021 - 18:19

Млад велешанец скокнал од мост

Неофицијално пред околу два часа млад велешанец скокнал од Железниот мост во Велес, кој како што се шпекулира пред да го изврши чинот објавил статус на својот Фејсбук профил со кој наводно ја најавил својата намера, дознава „Фокус“.

Случајни минувачи кои го забележале настанот, ја известиле полицијата.

Екипите на СВР Велес се излезени на терен. Најавени се повеќе детали во тек на утрешниот ден.