Млад ловџија со прострелна рана пренесен на Клиника
Скопјанец со прострелна рана во стомакот пренесен на Клиника.
- На 26.11.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во село Љуботен, скопско има повредено лице од огнено оружје, кое со возило било однесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и било утврдено дека станува збор за М.Љ.(31) од село Љуботен, кој, според првично пријавеното од лицата кои биле со него, Р.А. и М.А., биле заедно на лов во с.Љуботен, стои во соопштението испратено од МВР.
Според пријавеното, повредениот останал сам во викенд куќа и во еден момент, Р.А. и М.А. слушнале истрел од огнено оружје и кога се упатиле кон викенд куќата, го пронашле повредениот во собата со прострелна рана во пределот на стомакот. Се работи на расчистување на случајот, додаваат од министерството.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење