-->
-->
МКФ испраќа комбиниран состав на турнејата во Кина
-->
Комбиниран состав од седум млади македонски кошаркари и четири aмерикански играчи, потенцијални кандидати за добивање на македонски пасош, ќе ја претставува Македонија на кошаркарски турнир во НР Кина, како дел од соработката меѓу кошаркарските федерации на двете земји.
- По неможноста во Кина да играме со најсилниот состав, поради повреди и заморот на стандардните репрезентативци, на силниот турнир ќе патува комбиниран тим. Одењето за Кина е од голема важност за федерацијата, кошаркарите и стручниот штаб, и претставува идеална можност за порано од предвидените активности да се одиграат натпревари против квалитетни и силни репрезентации. Во Кина ќе заминат Младеновски, Мекиќ, Сапунџиев, Стаиќ, Пајиќ, Главчев и Дујковиќ, четворицата Американци кои се во комбинација за добивање на македонски пасош и како и искусниот Ратко Варда, кој ќе биде од голема помош на селекторот во работата со нашите млади центри, на кои им фали искуство, соопшти Македонската кошаркарска федерација (МКФ).
Од таму нагласуваат дека соработката со Кинеската кошаркарска федерација е од големо значење за МКФ, особено поради фактот дека во 2019 година Кина ќе биде домаќин на Светското првенство во кошарка, а во следните години голем број на активности ќе бидат спроведени, со цел промовирање на истото.
На турнирот, кој ќе трае до 24 јуни, ќе учествуваат уште седум екипи - домаќинот Кина, САД, Литванија, Јапонија, Иран, Белорусија и Нов Зеланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите