МКЦ-Битола објави повик за волонтерски награди
Младински културен центар – Битола, Волонтерски центар на Македонија, објави повик за конкурирање за годинешните национални награди за волонтери.
За наградите востановени по повод 5 декември Меѓународниот ден на волонтерите, може да конкурираат граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа.
-Предложените волонтери, волонтерски иницијативи или волонтерски програми треба да се реализирани во Република Македонија и да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2016 година. Крајниот рок за пријавување на предлозите е 29 ноември, а наградените ќе бидат објавени на 5 декември, соопштуваат од МКЦ-Битола.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница