Мјанмар: Две години затвор за уредник што објавил неточна вест за Ковид-19
Зав Је Хтет, главен уредник на мјанмарската новинска агенција Дае Пјав е осуден на две години затвор, откако се покажа дека веста на агенцијата дека едно лице починало од коронавирус не била точна.
Зав Jе Хтет е уапсен на 13 април, еден ден откако објавил напис во кој се наведува дека е евидентиран еден смртен случај од Ковид-19 во источната држава Карен. Се испостави дека веста не е вистина, пренесува Гардијан.
Адвокатот на новинарот изјави дека тој е осуден според член 505 на две години затвор.
Гардијан забележува дека станува збор за нејасно дефиниран закон, кој често се применува на новинари и активисти поради изјави „кои предизвикуваат страв или тревога“.
Во Мјанмар, потврдени се 199 заразени со новиот коронавирус и шест смртни случаи, но експертите стравуваат дека реалниот број е далеку поголем, бидејќи се тестирани мал број на луѓе.
Ново на Сител
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод