Митрополитот г. Петар го посети Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар според востановената традиција на прв ден Божик оствари посета на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола.
Може да се рече дека Божик е и празникот на децата и затоа продолжуваме да ја негуваме традицијата и веднаш по свечената богослужба во Храмот „Св.Димитрија“ и годинава сме со децата во Домот за доенчиња, истакна митрополитот г. Петар.
- Децата во Домот за доенчиња треба да ја почувствуваат радоста на Божик кој уште може да се рече празник на децата затоа што денес е роден богомладенецот Исус Христос. Овие прекрасни мали невини душички имаат потреба од љубов, имаат потреба од радост, од дружење и затоа и оваа година сме заедно со нив, посочи митрополитот г. Петар и подели божиќни пакетчиња и подароци за децата сместени во таа установа.
Митрополитот на преспанско пелагониската православна епархија г. Петар утре на втор ден Божик ќе богослужи во црквата „Свето Преображение“ во Прилеп, а на 9 јануари Божиќна богослужба ќе одржи во црквата „Св. Ѓорги“ во Ресен.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и релативно топло за овој период
-
ГЕРБ победи, но е далеку до 121 пратеник за формирање влада во Бугарија
-
Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран
-
27 годишник од Гана силувал 32 годишна скопјанка во Кисела Вода
-
Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138
-
Во Батинци загина пешак откако бил удрен со возило
-
Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег