Митрески: Пратениците на СДСМ ќе го поддржат законот за отпад
Пратеничката група на СДСМ ќе го поддржи Предлог-законот за управување со отпад, со кој се предлага забрана на увоз на отпад кој се користи како извор на енергија, а кое е влезено во собраниска процедура, а е поднесено од нивниот коалициски партнер ДОМ, изјави координаторот на оваа пратеничка група.
Законоското решение веќе е на собраниска седница и требаше да биде изгласано, но точката на дневен ред беше прескокната со образложение дека треба да се направат дополнителни консултации. Подоцна беше соопштено дека се проверува дали Македонија ќе добие забрана за извоз на отпад доколку ние воведеме вакви мерки.
Митрески денеска на прес-конференцијата во Собранието исто така најави дека ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав.
-Како пратеници на СДСМ се обврзуваме дека во најбрз можен рок ќе усвоиме целосно системско решение за овој проблем, кое ќе ги опфати сите аспекти на управувањето со отпадот и нема да го загрози процесот на извоз на опасниот токсичен отпад од нашата држава, рече Митрески.
Пратеникот додаде дека дополнително „ќе акредитираме домашна лабораторија, ќе се ангажираат повеќе инспектори кои ќе вршат ненајавени проверки“.
Ново на Сител
-
Ѓорческа поразена во второто коло на ВТА Челинџерот во Рим
-
ФК Арсенал од Тиват исфрлен од еврокуповите на 10 години
-
Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината
-
Собранието ќе ја одржи 60. седница по што се закажани продолженија на уште четири седници
-
Претпладне многу топло, попладне пороен дожд и ветер
-
Протест на земјоделците во Брисел со барање за „силен“ буџет за земјоделството
-
Кубилиус: Историските спорови не треба да се решаваат со блокирање на кандидатите за членство во ЕУ
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“