Митрески: Ова е сликата на ВМРО-ДПМНЕ, единствена опозиција која блокира Собрание во време на криза
Сликата со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспарентите околу собраниската говорница е вистинската слика за единствената опозиција во светот која блокира Собрание во светска економска и енергетска криза, порача пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група Јован Митрески во обраќање на денешната собраниска седница.
Митрески истакна дека блокадите на важни закони не се национален спас како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.
- Не може ВМРО-ДПМНЕ да е за спас на земјоделството, кога три месеци го блокира Законот за земјоделство и рурален развој, не може да е за спас на енергетиката а осум месеци го блокира Законот за фотоволтаици. Две години го блокирате законското решение за локални патишта и инфраструктура. Е ова е тоа што вие го нудите како наводен национален спас, посочи Митрески.
Митрески истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ сака избори треба да обезбеди 61 пратеник за распуштање на Собранието но тоа не може да го направи па затоа се обидува да ја блокира работата на Парламентот.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“
-
На полицаец во Крушево му го украле пиштолот
-
Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година
-
Му се слошило додека работел, 31 годишен Косовец почина во Гостивар
-
Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан
-
Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб
-
Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена
-
Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната