Митинг на Златна зора и антифашистички демонстрации во Пиреја
Грчката полиција вечерва ќе биде во состојба на зголемена готовност, поади тоа што генералениот секретар на Златна зора, Никос Михалолиакос ќе одржи предизборен говор во Пиреја, а во исто време ќе се одржат и антифашистички демонстрации.
Според различни информации, ќе има најмалку шест полициски единици стационирани во Пиреја за обезбедување на предизборниот собир на неофашистичката партија.
Во исто време, како шѕо јави дописникот на МИА од Атина, голем број на синдикати и групи имаат договорено антифашистички демонстрации во Пиреја, со кои бараат забрана за одржување на митингот на Златна зора.
Демонстрантите истакнуваат дека овој „провокативен“ настан се случува само неколку дена пред годишнината од убиството на активистот и раперот Павлос Фисас од страна на истакнат член на Златна зора.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба