Митева: СДСМ докажа дека не ја почитуваат слободата на говор
Срамен, недоличен и дрзок е односот кој власта го применува кон медиумите. Слугата на Али Ахмети, Димитар Ковачевски несоодветно и на автократски начин етикетираше медиуми само затоа што професионално и во интерес на јавноста информираат за реалните состојби во кои се наоѓа Македонија.
И ова не е прв случај во кои власта се однесува со репресија и цензура кон медиумите и новинарите.
Пред само една недела на двајца новинари не им беше дозволено да присуствуваат на настан на Ковачевски. Вчера, Ковачевски докажа дека со СДСМ и ДУИ на власт Македонија спаѓа во оние земји во кои не постојат слободни медиуми.
Медиумите кои критички ги опсервираат политичките, економските и општествените состојби во земјата им пречат на власта. СДСМ докажа дека не ја почитуваат слободата на говорот, како дел од фундаменталните човекови права. Македонија е на дното по многу основи, но кога власта со ваков однос се обидува да нападне новинарство и медиуми е последната фаза на тотална автократија.
Бараме од сите општествени чинители, од меѓународната заедница, но најмногу од портпаролите на Владата и портпаролите на СДСМ како лица кои се во секојдневна директна коминикација и соработка со медиумите да се оградат од односот на Ковачевски и да го осудат ваквиот чин на навреда кон медиумите. Во спротивно, доколку портпаролите не го сторат тоа само потврдуваат дека го делат истото мислење со Ковачевски за медиумите. Новинарството како респектабилна професија не заслужува да биде под било каков притисок од страна на било кој, само така ќе имаме вистински европски стандарди кои ги применуваме. Ваквиот однос допринесува за долгогодишното создавање атмосфера на страв и вакви изјави се исклучително опасни за слободата на говорот.
Бараме Ковачевски да се одважи и во најмала рака да се извини на медиумите за ваквите несоодветни изјави.
Ковачевски не треба да има мислење за уредувачката политика за медиумите, напротив негова должност е да има сопствено мислење за скандалите на власта, за криминалиите, како и за катастрофалната состојба во која се наоѓа Македонија. Но, Ковачевски и Ахмети исплашени од поразот кој ги чека на следните избори ја користат и последната алатка за дискредитирање на медиумите чија цел е заплашување и замолчување на јавноста.
Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници