Митева и Љатифи-Азизи: Завршува седумдневната национална жалост, но истрагата ќе продолжи со невиден интензитет
Седумдневната национална жалост прогласена од Владата за трагедијата во Кочани завршува денеска, но со несмален и невиден интензитет ќе продолжи истрагата која ќе биде правична и темелна, порачаа денеска на прес-конференција владините портпаролки Марија Митева и Венера Љатифи-Азизи.
Митева апелираше да не се шпекулира и со невистини и манипулативни наративи да се злоупотребува трагедијата во Кочани затоа што, рече, има опсежна истрага во која се опфатени и приведени 34 лица и таа се уште не е завршена.
-Мора да дозволиме органите на прогонот да си ја завршат истрагата - темелно и правично. Не би сакале да се дозволи попречување од различни мрежи – преку повици за дестабилизација и различни сценарија и било како да наштетат на овој процес. Од ова мора сите да излеземе посилни, со испорачана правда. Оваа влада беше избрана за да го прекине кругот на рамнодушноста, да ја обнови довербата онаму каде што беше изгубена и да се погрижи ниту една иднина да не се обликува од грешките на минатото. Нема да прифатиме изговори кои премногу често ги оставаа граѓаните незаштитени. Онаму каде што другите молчеле, ние ќе дејствуваме. Во овој момент на тага, стоиме заедно со погодените семејства и ветуваме итни мерки. Нашата заложба е јасна – правда за погодените, транспарентност во секој чекор и итни реформи кои ќе обезбедат ова никогаш да не се повтори, истакна Митева.
Портпаролката Венера Љатифи-Азизи рече дека трагичниот настан „не трогна сите соединувајќи не во длабока болка и тага што ги надминува зборовите“.
Ги соопшти сите преземени чекори од Владата да им се помогне на семејствата на повредените, трошоците што ги покрива, најави дека од утре ќе почне исплатата на средствата за помош од Црвениот крст и дека „истрагата ќе продолжи со невиден интензитет“. Укажа и на помошта од меѓународните партнери и солидарноста која, рече, не познава граници.
-И додека денес е последниот ден од националната жалост, посветеноста и ангажирањето на Владата да ги поддржи директно погодените и да ја открие вистината за оваа трагедија ќе продолжи со невиден интензитет... Истрагата за овој трагичен настан продолжува со целосна посветеност и голем ангажман од сите одговорни институции. Владата е решена да ја обелодени вистината и да се погрижи сите кои се одговорни да одговараат за своите постапки. Никој нема да може да се сокрие и правдата ќе биде задоволена... Во оваа голема болка не сте сами, државата ќе стои покрај вас – не само денеска, туку до крајот на овој процес, во кој ќе расветлиме буквално се, истакна Љатифи-Азизи.
Ново на Сител
-
Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба, по што ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарските служби, најави Мицкоски
-
Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол која денеска и утре се одржува во Скопје
-
Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околку мене, порача премиерот
-
Над 300 вработени ја напуштија ХРТ
-
Кешишев: Мислев дека копаме злато, Велибор ми рече никој не треба да знае може да летаат глави
-
СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта
-
Дали чоколадното млеко е здраво за децата?
-
Го убиле и закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица осомничени за убиство во кривопаланечко