Митаракис: Пет грчки острови го носат товарот на европската миграциска криза
Денес пет острови од северниот дел на Егејското море го носат товарот на миграциската криза во име на цела Европа, рече министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис по средбата со заменикот министер за внатрешни работи на Германија, Хелмут Тајхман и истакна дека „ова мора да се промени“.
Митаракис заедно со алтернативниот министер за миграција и азил, Јоргос Кумуцакос, во Берлин остварија средба со германскиот министер и разговарале за потребата да се поддржи европскиот буџет за миграциското прашање за 2020 година, како и за потребата да се заштитат границите, преку зајакнување на улогата на ФРОНТЕКС, јави дописничката на МИА од Атина.
-Разговаравме за потребата да се планираат со ЕУ заеднички враќања, за потребата да има праведна распределба на бегалците во Европа со брзо префрлање од островите, за потребата за борба против криумчарите и прашањето за преземање активности за децата без придружба, рече Митаракис по средбата и додаде дека Германија прифатила да има активна улога во новиот центар на островот Самос, преку помош за здравствени прашања, инфраструктурата и техничката поддршка, како и помош во процесот за доделување азил.
Ново на Сител
-
СДСМ: Скандалозна одлуказа отфрлање на кривичната за Христовски – ОЈО е партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ
-
ОЈО ги истражува наводите за дивоградби во Чаир
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден