-->
-->
Мишел: Санкциите против Москва го покажаа единството на ЕУ
-->
Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска изјави дека санкциите на Европската унија кон официјална Москва поради нејзините постапки против опозицискиот лидер Алексеј Навални покажаа дека ЕУ е целосно обединета во одбраната на своите интереси.
Британските медиуми јавија дека Кремљ претходно се обиде да го минимизира влијанието на санкциите наметнати од САД и Европската унија, но додаде дека ќе возврати со реципрочни мерки.
“… Одлучивме да примениме санкции поради случајот Навални. Ова значи дека сме целосно посветени и обединети во Европа да бидеме силни, многу цврсти во целта да ги промовираме нашите вредности, да ги браниме нашите интереси, рече Мишел од Киев , каде што разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена