Мишел: Недвосмислена поддршка на ЕУ за суверенитетот на Украина
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, денеска е во посета на Украина каде ја пренел “недвосмислената поддршка на ЕУ за суверенитетот и интегритетот“ на земјата, соопшти Мишел преку неговиот налог на Твитер.
Претседателот на Европскиот Совет овие денови ги посетува земјите од источното соседство на ЕУ, по посетата на Грузија, тој денеска е во Украина каде се сретна со претседателот Володимир Зеленски.
Мишел на Твитер побара целосна имплементација на спогодбите од Минск кој треба да го гарантираат мирот во земјата и порача дека санкциите на ЕУ против Русија нема да се повлечат сѐ додека ова не се случи.
Шефот на Европскиот Совет, исто така, нагласи дека треба граничните премини околу контактната линија да останат отворени за да може да се достави потребната хуманитарна помош на граѓаните.
-Срамната реалност е дека луѓето продолжуваат да умираат тука и да се соочуваат со ужасните последици од конфликтот, напиша Шарл Мишел.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот