Мисајловски во официјална посета на Словенија
Министерот за одбрана Владо Мисајловски на покана на неговиот словенечки колега Борут Сајовиц денеска престојува во официјална посета на Словенија. Во Љубљана, Мисајловски ќе се сретне и со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, соопшти Министерството за одбрана.
По свечената церемонија во Министерството за одбрана, министрите Мисајловски и Сајовиц ќе имаат тет-а-тет средба, по што е предвиден состанок на двете делегации. Во Љубљана ќе биде потпишан и Планот за билатерална соработка помеѓу двете земји за 2025 година.
Предвидено е министерот Мисајловски на гробиштата Жале во Љубљана, да положи венец како почит кон паднатите словенечки борци во Десетдневната војна во 1991 година.
Во вилата Подрожник, Мисајловски ќе им додели признанија на припадниците на словенечката полиција кои беа активно вклучени во борбата со пожарите на македонска територија минатото лето
Ново на Сител
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот