Мирек Тополанек: На претседателските избори во Чешка во 2008 година имаше корупција
Поранешниот премиер на Чешка, Мирек Тополанек во својата нова книга тврди дека на претседателските избори во Чешка во 2008 година биле исплаќале пари за поткуп на сенаторите и пратениците, објавија чешките медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, тогаш шефот на државата се бираше во сложена постапка од двата дома на Парламентот и „тесна“ победа извојува Вацлав Клаус.
Полицијата уште истата година поведе истрага заради сомневање за корупција, но поради недостиг на докази случајот беше одложен.
Чешките медиуми веќе објавуваат можни имиња на луѓе кои се поврзани со наводниот поткуп, но посочените јавни личности негираат било каква врска со случајот.
- Тие ми кажаа дека Тополанек во книгата што ја издал, спомнува околности кои треба да бидат проверени. Од него побарав инкриминираната страница да ми ја испрати по електронски пат и врз таа основа ќе го побарам списот кој се однесува на тоа, изјави јавниот обвинител Јан Лелек, кој се заинтересирал за случајот, откако бил контактиран од новинар.
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан