Видно нервозна и не премногу расположена за соработка, пејачката изгледала многу лошо. Лицето и било целосно деформирано, имала силно црвенило, а интересно е што и толку болна не ја испуштала цигарата од рака. И покрај настинската и проблемите, фолкерката не сакала да го пропушти снимањето, иако имала оправдување, туку стоички се изборила со проблемите. Таа откри дека и импонира тоа што ја добила да ја имитира Марија Шерифовиќ.
-Феноменално се снајдов во улогата на Марија Шерифовиќ. Таа е најдобрата поп пејачка на Балканот, која сите не израдува кога го донесе „Евросонг“ во Белград. Ќе го издражам настапот, не сум настината, рече Мира на изнадување на присутните.
Шоуто „Твоето лице звучи познато“ гледајте го на ТВ Сител во недела во 21 часот.