Мир ќе нема и во Новата година: Еве каде ќе гори во 2016.
Годишната проценка за општата безбедност на американскиот Центар за превентивни акции покажува дека наредната година ќе биде многу турбулентна.
ГОЛЕМА ВЕРОЈАТНОСТ
Сирија
Причина: Зголемениот интензитет на граѓанската војна поради мешање на други држави, кои ги поддржуваат спротивставените страни но и директните воени интервенции.
Либија
Причина: Долготрајни полтички немири и зголемено насилство поради мешање на арапските земји
Израел и палестинсктие територии
Причина: Зголемена напнатост, насилство над цивилите и раширени протести и оружени пресметки.
Турција
Причина: Зголемено политичко насилство меѓу режимите на власт и различните групи на Курди, со дадатни тензии како последица на војната во Сирија.
Египет
Причина: Зголемена политичка нестабилност, вклучувајќи терористички напади, посебно на Синајскиот полуостров.
Авганистан
Причина: Насилство и нестабилност поради јакнење на екстемистичкото талибанско движење.
Ирак
Причина: Продолжение на распадот под нападите на териристичката ИСИЛ, но и секташката војна меѓу сунитите и шиитите.
МОЖЕБИ
Северна Кореа
Причина: Сериозната криза со Северна Кореа поради тестирањето на нуклеарното оружје и ракетите со висок дострел, воените провокации или внатрешната политичка нестабилност.
Европска Унија
Причина: Политичката нестабилност во членките на тој сојуз поради приливот на бегалци и мигранти, повеќе граѓански немири, изолирани терористички напади насочени кон бегалците и мигрантите.
Мексико
Причина: Ескалација на организираниот криминал, кој ќе се почувствува и во САД
Пакистан
Причина: Кулминација на внатрешните политички превирања и насилство, кое го шират бројните милитантни групи, главно пакистански талибанци.
Либан
Причина: Зголемено секташко насилство и политичка нестабилност поради влијанието на војната во Сирија.
Украина
Причина: Кулминација на судирите меѓу армијата на режимот во Киев и сепаратистите, можна е и директна интервенција на руската војска.
Јордан
Причина: Политичка нестабилност и зголемени граѓански немири како последица на војната во Сирија
Јемен
Причина: Граѓанска војна меѓу лојалистите и Хути бунтовниците, можна интервенција на странски сили
Нигерија
Причина: Секташко насилство и политичка нестабилност поради терористичкото исламистичко движење Боко Харам, а последиците би можеле да се осетат и во соседните земји.
Русија
Причина: Ескалација на исламистичкиот екстремизам и насилство, вклучувајќи и граѓански немири
Јужен Судан
Причина: Граѓанска војна меѓу политичките и етичките поделби
Мјанмар
Причина: Секташко насилство меѓу будистите и муслимантите, потенцијална ескалација на насилството после изборите
Венецуела
Причина: Продлабочување на економската криза и полтичката нестабилност, која ќе доведе до граѓански немири
Конго
Причина: Политичката нестабилност пред изборот ќе предизвика насилство, кое ќе се прошири на соседните земји
(Indipendent)
Ново на Сител
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија