Минусни температури во Берово и Лазарополе
Најниски темепратури утрово се измерени во Берово -3 степени Целзиусови и во Лазарополе -2 степени. Следат Попова Шапка со 0 степени, 1 во Маврови Анови, Крива Паланка, Претор и Битола, 2 Охрид, Струмица, Демир Капија, 3 Штип, Крушево, 4 Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Гевгелија, 5 Велес и 6 степени во Скопје кај Зајчев Рид, Куманово, Кавадарци, Виница и во Дојран.
Времето денеска претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.
Ново на Сител
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот