Минусни температури утрово во Берово, Тетово и Битола
Најниска температура утрово е измерена во Берово минус шест. Температури под нулата се измерени и во Тетово и Битола минус два, и во Крива Паланка, Демир Капија и Струмица минус еден.
Во Маврово, Прилеп, Скопје, Штип, Дебар и Куманово нула, во Кавадарци еден степен, два во Лазарополе, Охрид, Претор и Виница, 4 во Гевгелија и 6 степени во Дојран и Крушево.
Утринава во земјава времето е сончево и студено со мала до умерена облачност. По одделни котлини како и јужниот дел на Повардарието има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Воздушниот притисок утрово е многу висок, и е за 15 мерни единици повисок од просечниот, но во текот на денот ќе опаѓа.
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи од 16 до 22 степена.
Сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 18 степени.
Нашето подрачје и понатаму ќе биде во поле на атмосферски систем со висок воздушен притисок и стабилна и сува воздушна маса. До среда под влијание на потопла воздушна маса дневните температури ќе бележат благ пораст, а условите за појава на утринска магла ќе бидат мали. Од четврток ќе потпаднеме под северно воздушно струење кое ќе предизвика постепено опаѓање на дневните температури.
Ново на Сител
-
МОН со честитка за Меѓународниот ден на образованието: Да создадеме здрав и квалитетен воспитно-образовен систем
-
Машката ракометната репрезентација на Македонија има шанси за во четвртфинале
-
Трамп: Не сум сигурен дека воопшто треба да трошиме нешто за НАТО
-
Аеродромот во Истанбул е најпрометен во Европа
-
Трамп потпиша указ за развој на вештачка интелигенција „без идеолошка пристрасност“
-
Најстудено утрово во Битола -4, во Скопје два степена и магла
-
Одбележување на Св. Сава – Националниот празник на српската заедница во Македонија
-
Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово – Градманци во Општина Петровец