Македонија
20. October 2016 - 20:08

Миновски на средби со граѓани на Брвеница

Кирил Миновски, член на раководството на ВМРО ДПМНЕ и министер за финансии, попладнево се сретна со граѓаните на Брвеница. Целта на денешната посета, како што изјави тој, е да се слушнат проблемите, но и да се изнајдат можните решенија за нив.

- Ние како владејачка партија интезивно работиме на комплетирање на следната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа програма ќе биде најсепфатна и во неа имаме голем број мерки. Во средиштето на нашата економска програма е креирањето нови работни места и инвестициите, креирање на подобро деловно опкружување и креирање на благостотојба за најголем дел од граѓаните на Македонија, истакна Миновски.

Со оглед на тоа што, како што рече, сме во населено место во коешто голем дел од населението се занимава со земјоделство, можам да кажам дека како и во изминатиот период во кој инвестиравме повеќе од 800 милиони евра во областа на земјоделството подржувајќи го преку бројни мерки и во следниот период очекуваме да имаме голем број на инвестиции и многу добри проекти.

- Со нив, ќе се стимулира земјоделското производство, што ќе биде извозно ориентирано и што ќе биде продуктивно земјоделско производство во интерес и на зголемување на извозот и бруто општествениот производ меѓутоа и во интерес на подобрувањето на животниот стандард  на земјоделците, изјави Миновски.