Министри од регионот в среда ќе ја разгледаат одуката на Приштина за заштитна царина на овошје и зеленчук
- Министрите задолжени за трговија, земјоделие и економија од четири држави од Балканот, ќе имаат в среда во Белград состанок на кој ќе се разгледува новонастанатата ситуација откако Приштина воведе „заштитни мерки“ за увоз на одделни видови овошје, зеленчук и пченка.
Домаќин на состанокот ќе биде српскиот министер Расим Љајиќ, јави Танјуг.
На состанокот ќе присуствуваат македонскиот министер за земјоделие Љупчо Николовски, црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ и министерот за трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ.
Се очекува заеднички став за новата одлука на Приштина која од пред два дена почна да се применува како - заштитна царина од 30 отсто на увоз на оделни видови овошје и зеленчук како и пченка.
Љајиќ вчера рече дека ќе бара итен состанок со ресорните министри на БиХ и на Македонија како и итна седница на ЦЕФТА по повод одлуката на Приштина. Со таа одлука според него, директно е прекршен договорот на ЦЕФТА. Од Приштина соопштија дека од пред два дена применуваат заштитна царина од 30 отсто на увоз на одделни видови овошје и зеленчук и пченка за „сите трговски партнери“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото