Бизнис
6. December 2021 - 16:34

Министерството за транспорт се уште не ги проверило лиценците на останатите возачи на Беса Транс

Проверени се сертификатите на двајцата возачи на Беса транс кои загина во автобуската несреќа во Бугарија, но не и на останатите 6 шофери, кои ги возеле другите три автобуси на компанијата. Нивните дозволи ќе се проверуваат, само ако побара Обвинителството, вели министерот за транспорт Бочварски. Досегашната истага покажа дека загинатите возачи не биле вработени во Беса транс, едниот имал важечки сертификат, а вториот истечен. Шофер на еден од останатите 3 автобуси бил соспвеникот на Беса, а имало и 2 ца шофери вработени во ЈСП, кои си зеле одмор од државното препријатие и фатиле тура за Истанбул.

Ако побара Обвинитеслтвото, ќе ги провериме. За одговорноста за автобуската несреќа има институции што работат и истражуваат, на крај ќе дадат одговор каде бил пропустот и согласно тоа секој ќе си понесе одговорност, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Една од причините за автобуската несреќа во Бугарија каде загинаа 45 лица, меѓу кои и 12 деца е лошата сиганализација на патот. За да се намали бројот на жртви во сообраќајот во земјите од Западен Балкан, ќе ни помага Европската Унија.

Патишатата во Европа се најбезбедни во светот. Сепак и кај нив се случуваат несреќи. Целта им е до 2050 та да нема воопшто жртви, додека кај нас до 2030 та да се преполови бројот на загинати.

Во завршна фаза е формирањето Агенциија за безбедност на патиштата ,која се очекува да профункционира првата половина од наредната година. Таму ќе се интегрираат надлежностите од неколку сектори. а искуството од Србија и Словенија покажува дека по формирањетои на вакво тело, бројот на жртви во сообраќајот двојно е намален.