Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ
Министерот за спорт Борко Ристовски со тим од министерството, денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржал состанок со ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и со работната група составена од професори експерти во делот на градежништвото, архитектурата, електротехниката и машинството, на кој се утврдил акционен план за реализација на проектот за ставање во употреба на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во кампусот на Универзитет. Како што соопшти Министерството за спорт, целта е оваа сала во која настава ќе изведуваат студентите на Универзитетот, во најкраток можен рок да биде ставена во функција.
Министерството за спорт соопшти дека обезбеди средства во буџетот за реконструкција на салата која е од особено значење за спортот бидејќи во неа ќе се изведува настава за над 1.500 студенти на Универзитетот.
-Во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција, за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ, истакна министерот Ристовски.
Реконструкцијата на салата ќе се одвива во неколку фази и се очекува во најкраток рок таа да биде подготвена за потребите на студентите на Универзитетот. Салата ќе биде во сопственост на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно склучениот Договор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица