Македонија
19. November 2019 - 16:49

Министерскиот совет ЕУ- Западен Балкан за миграцијата- потребна е посилна соработка

Единствена реална и разумна иднина на државите од Западен Балкан е европската бидејќи тие и природно се дел од Европа. Европските лидери треба да ја преисапитаат својата одлика за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Ова е политчката порака што ја испрати еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамополус на министерскиот форум на ЕУ и Западен Блакан посветен на правдата и внатрешните работи.

И Финска како моментален претседавач со Унијата вели дека проширувањето е потребно.

Вториот ден од форумот, министрите од Западен Балкан го посветија на миграциите, зајакнувањето на граничната контрола, размената на информации во делот на тероризмот и насилниот екстремизам.  

Засега нема опасност од нова мигрантска криза, но ако е потребно Брисел ќе даде поддршка на државите за погранична контрола.

Спасовски најави и програми за репатризација и ресоцијализација на семејствата на борците во туѓи војски во Ирак, Сирија и Авганистан , а кои потекнуваат од Македонија. За борците останува кривичната одговорност кога ќе се вратат во државата.