Министерски состанок ЕУ-Западен Балкан во Брисел
Шефовите на дипломатиите на државите од Западниот Балкан и на земјите членки на ЕУ денеска попладне ќе одржат министерски состанок под претседателство на високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на Министерски состанок ЕУ-Западен Балкан е дополнително да се интензивира ангажманот на Унијата со земјите од регионот, со акцент на заедничката надворешна и безбедносна политика на блокот во контекст на геополитичките предизвици во европското соседство.
Средбите во овој формат со цел засилен ангажман на Унијата со државите од западнобалканскиот регион, резултираа со Декларацијата од Тирана усогласена Самитот ЕУ-Западен Балкан на 6 декември 2022 година, со која лидерите учесници ја изразија својата решеност да се забрза и продлабочи политичкиот ангажман, вклучително и преку учество на партнерите од Западен Балкан во настани на високо ниво на ЕУ и преку редовни дијалози за заедничката надворешна и безбедносна политика.
Министерски состанок ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи по завршувањето на првиот ден од заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата, на чија агенда се расправа за ситуацијата во Израел, Појасот Газа и регионот на Блискиот Исток, руската агресија врз Украина, случувањата во односите на Ерменија и Азербејџан, како и за надворешно политичка димензија на економската безбедност.
Во рамки на делот на дискусијата поврзана со случувањата во Украина, на заседанието на Советот преку видео конференциска врска ќе учествува и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Утре, на вториот ден од заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ, министрите за одбрана на земјите членки на Унијата ќе расправаат за прашања поврзани со безбедносните прашања на блокот.
Заседанието ќе започне со неформален појадок на министрите за одбрана на ЕУ и високиот претставник Борел со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на кој ќе се разговара за отпорноста на критичната инфраструктура на блокот во сенка на безбедносните инциденти во Балтичкото Море.
Главна тема за расправа на заседанието на Советот ќе биде поддршката на Унијата за Украина, а министрите ќе дискутираат и за мисиите и операциите на Капацитетот за брзо распоредување на ЕУ (РДЦ) и за заедничката безбедносна и одбранбена политика, а треба да ги одобрат и заклучоците за Вселенската стратегија за безбедност и одбрана на блокот.
Во рамки на заседанието ќе се одржи и седница на Управниот одбор на Европската агенција за одбрана на која министрите треба да ги одобрат Приоритетите за развој на капацитетите (ЦДП) за 2023 година и да разговараат за нивното спроведување, кои треба да служат како основа за сите одбранбени иницијативи и инструменти на ЕУ.
Ново на Сител
-
Совети за правилно чистење на бебешките очи
-
Приведени три лица за кражба во неготинска фирма, меѓу нив малолетник
-
Искушенија околу слабеењето и како да се избегнат?
-
До недела променливо облачно со повремен дожд
-
1603 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
-
МОН: Безбедносните стандарди во училиштата да бидат во фокусот на општините
-
Демант од МВР на наводите за санација на оградата на мостот „Гоце Делчев“
-
Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани