Македонија
1. July 2022 - 16:37

Министерот Спасовски во посета на Софија - специјалните единици на МВР на заедничка вежба

Среба на министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија во Софија, Спасовски и Рашков.  Договорено е интензивирање на  соработка мегу двете полиции за да се обезбеди мирот и стабилноста во регионот. Потврда за тоа се и првите  заедничките  вежби на специјалните антитерористички  единици.

Договорено е двете земји во наредниот преиод ке се фокусираат насузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе и со дрога, справувањето со илегалната миграција,  борбата  против тероризмот што ке се регулира преку  координативно тело во кое учествуваат специјализирани кадри заедно со јавни обвинители, а во план е формирање и на заеднички аналитички тела.  И бугарската страна се заложи за редовни средби и контакти, но и за испракање на свои експерти од областа на внатрешни работи, како држава членка на Европската Унија.